Разновидните и повеќеслојни стилови во колекциите накит на Swarovski се пресликуваат во празничната кампања на брендот во која се појавуваат повеќе познати личности и модели, од различно потекло и со различни професии. Со својата нова #BrillianceForAll кампања и кастинот Swarovski ја рефлектира својата волја да ги поттикне и разубави современите жени ширум светот.
Бренд-амбасадорката Карли Клос сјае како брилијантен домаќин на холивудските гости, супермоделите, инфлуенсерите кои се појавуваат покрај неа во празничната кампања, како Наоми Кембел, Кјара Ферањи, Џордан Дан, Феи Феи Сун, Руби Роуз, Меј Маск, Меги Џијанг, Даја, Бој Џорџ, Андрес Веленкосо, Бријанбој, Ентони Меки, Нолан Фанк, Ерик Ратерфорд и Натан Овенс.
-Празничните денови се за собирање на луѓе заедно и изнаоѓање начини да ги славиме оние кои се посебни за нас, што пак е во срцето на кампањата. За таа цел беше неверојатно да се снима кампања со толку многу талентирани луѓе кои се исто толку блиску до моето срце. Тоа беше неверојатно искуство што го споделив со Џордан, Феи Феи, Руби, и се разбира, со Наоми Кембел, која во исто време ја сметам за ментор и пријател. Многу сум благодарна што бев дел од оваа искуство – изјави Карли Клос.
Нема коментари