Откако го лансира парфемот Аctress под својот бренд, разви премиум-модели со ткаенини од „Валентино“ и од „Унгаро“, промовира колекции со венчаници и отвори нов моден салон во центарот на Скопје, креаторката Тања Кокев ја најавува својата прва ready to wear линија со ткаенини со свој потпис. Новата линија „Кокев Ready To Wear“, која ќе биде промовирана наскоро, ќе биде спој од ткаенините на „Валентино“, „Шанел“, „Армани“ и „Кокев Tessuti“, со еден нов израз во дизајнот и кроевите, потпишани од Кокев.
-Покрај ткаенините со мој потпис, кои се создадени во Италија, колекцијата есен-зима 2015/16 ја продолжуваме соработката со Valentino Tessuti и ја прошируваме палетата, со твидовите од „Шанел“ и свилените оргaнзи на „Aрмани“-ни открива на кратко Кокев.
Нема коментари