Актерката Тараџи П. Хенсон повторно се здружи со козметичката компанија MAC за потребите на втората заедничка колекција на шминка од линијата Viva Glam. Во колекцијата доминира блескава шминка како бакарен кармин и златен сјај за усни, која што ги следи трендовите на усни со металик ефект. Тараџи се враќа со уште поголем незапирлив шарм и продолжува да освојува со нејзиниот темперамент и став. Благодарение на Тараџи Viva Glam оваа сезона има опасно добри вибрации.
Линијата Viva Glam на MAC произлезе како резултат на формирањето на Фондацијата за ХИВ/Сида на козметикиот гигант, кој од основањето во 1994 година досега има донирано преку 50 милиони долари на различни организации за едуцирање, заштита и обезбедување здравствена нега во борбата против вирусот. Затоа треба да знаете дека секој денар од продадениот MAC Viva Glam производи одат во фондот на MAC.
А во септември во продавницата на MAC во „Скопје сити мол“ ќе дојдат производите од колекцијата, карминот ќе чини 1.308, а сјајот 1.269 денари.
Нема коментари