Македонската манекенка Татјана Јанушрва успешно гради интернационална кариера, a минатата година направи пробив на светската сцена со бројни ангажмани. Неодамна се појави во рекламна фотосесија за Miss Sixty, a како последен успех го забележува нејзиниот ангажман во кампањата на светскиот познат бренд Чемпион (Champion). .
-Токму овој американски гигантски бренд е познат по неговите атрактивни спортски дизајни на дресови за кошаркарските и фудбалските национални тимови. После големите успеси на Јанушева каде работеше кампањи за одлични и брендови во Париз и Милано, сега повторно ја започнува новата сезона во модната индустрија. Вонсериската убавина на Јанушева ѝ ги отвори вратите на светскиот моделинг со потпишување на договор со една од најдобрите модни агенции – NEXT MODELS. Горди сме на нашата Татјана, бидејќи израсна во одговорен и професионален модел – велат од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент од Скопје.
Нема коментари