Нашиот интернационален модел Татјана Тати Јанушева веќе трета година по ред работи во најголемите модни центри, па и со најдобрите светски брендови. Таа неодмна беше ангажирана по трет пат да работи кампања за брендот Tally Weijl.
На Јанушева светската кариера ѝ ја води една од најдобрите менаџери и букери Јелена Ивановиќ од Белград во соработка со нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент од Скопје. Досега има работено на значајни модни кампањи за Miss Sixty, Stradivarius, Champion, Kiko Milano, како и за престижните модни магазини ELLE, PUMP, VANITY FAIR и многу други.
На светската модна сцена ја застапува агенцијата NEXT MODELS која пак има седишта во сите позначајни модни центри како Милано , Париз, Лондон, Мајами и Њујорк. Во моментов нашиот модел работи во Лондон на неколку исклучително значајни проекти.
Нема коментари