Нашата интернационална манекенка Татјана Јанушева продолжува со успешните кампањи од нејзиниот последен престој во Милано. Неодамна излегоа фотографиите за модниот магазин Collector, а токму за ова престижно модно списание Јанушева ги представи новите колекции на модните гиганти како Prada, Gucci, Sportmax и Alexander McQueen стилизирани од тамошниот тим. Нашата Татјана неодамна направи сериозен пробив во светскиот моделинг со последната кампања за брендот Miss Sixty. „Кариерата на интернационален моделинг ја започна во соработка со JS’ Management од Белград под водство на фантастичната Јелена Ивановиќ . Тоа беше сосема очекувано бидејќи нејзината убавина и совршените пропорции едноставно се вклопуваа во модните побарувања за интернационални модели“, велат од матичната агенција Моделс Ин Менаџмент. Јанушева во моментов се подготвува за новата сезона во Милано, каде има договор со една од најдобрите светски модни агенции – NEXT Model Management.
Нема коментари