Модната куќа „Гучи“ ангажира професионални автори на мемиња за новата кампања #TFWGucci (That Feel When Gucci) фокусираната на колекцијата на часовници и покажа дека дури и може да се исмејува на своја сметка. Дизајнерот на „Гучи“ Алесандро Микеле знае како да се обрати и на помладата, милениумската публика, па повика Инстаграм артисти и корисници како @textsfromyourexistentialist, @beigecardigan, @siduations, кои преку хумор ќе ги претстават креациите на брендот. Следете ја онлајн кампањата на Инстаграм профилот на „Гучи“.
Нема коментари