Познат по своите провокативни црно-бели фотографии, Хелмут Њутон е еден од најзначајните модни фотографи на 20 век, уметник кој беше смел во изразот до крајна граница. Денес е тешко да се замисли некој да го фотографира женското тело на толку секси и скоро еротизиран начин, после секс скандалите во Холивуд и крутата политичка коректност, фотографии како оние на Њутон нема да гледаме во списанијата.
За легендарниот моден фотограф снимен е документарниот филм The Bad and The Beautiful (можеме да го преведеме како „Лошиот и убавите“), во кој говорат Ана Винтур, Клаудија Шифер, Шарлот Ремплинг, Грејс Џонс, Изабела Роселини, а има изјави и од самиот Хелмут.
Погоре погледнете го трејлерот за филмот кој е во режија на Геро вон Боем, и кој во моментов се дава во кината во Германија.
Нема коментари