Димитар Бабков, основачот и модниот дизајнер на брендот Son of Salome ја претставува својата нова колекција за пролет-лето 2025, преку модни фотографии потпишани од Ани Дими и со манекенката Ивана Манас. “The new moon” – Тринаесеттиот ден е колекција која ги отсликува фазите на еден емоционален период. Од агонија, депресија и збунетост до ослободување, себенаоѓање и љубов. Го симболизира издигнувањето од пепелта по апокалиптична пеколна бура.
Дизајнерот Бабков открива дека структурата на колкцијата ја формираат тринаесет изгледи, формирани од фустани, комбинезони, сакоа, здолништа, панталони, блузи и други горни делови. Експериментални текстури со тул и свила, реси и драматични волумени сѐ деловите кои ја формираат целосната меланхолична слика.
“Не ми се приближувај Содомова ќерко! Покриј си го лицето со превез и фрли пепел на главата. Така оди в пустина, и барај го Синот Човечки.”
Оскар Вајлд, Саломе
Фотографија: Ани Дими
Модел: Ивана Манас – Моделс Ин
Фризура: Елена Николивска – Socialhairsalon
Шминка: Ана Атанасиа
Осветлување и сценографија: Димитар Петровски
Благодарност до: Мите Занов
Нема коментари