Со описот „гламурозна, мрачна и моќно женствена колекција“, модниот бренд H&M ја најави новата дизајнерска соработка на капсулна колекција, овој пат со брендот The Vampire’s Wife. Заедничката колекција содржи креации со драматична силуета и готски стил, со на доза на романтичнст, винтиџ-елементи и мистериозност, односно ја следи естетијата на The Vampire’s Wife. Во прв ред се црните фустани со нагласени раменици, карнери и тантела, но има и голема бела крагна како додаток, маица, чанта, ракавици од тантела и накит.
Брендот The Vampire’s Wife е основан во 2016 година од страна на Британката Сузи Бикс Кејв, поранешна позната манекенка, а сега дизајнерка. Нејзиниот бренд за кратко време стана омилен кај холувудските ѕвезди и кај жените од британското кралско семејство.
Интересно е дека во креирањето на разиграниот накит од колекцијата за H&M во голема мера ѝ помогнал сопругот, познатиот музичар Ник Кејв.
Колекцијата The Vampire’s Wife x H&M ќе се продава од 22 октомври.
Нема коментари