Познатиот луксузен бренд за накит Tiffany & Co. воведе иницијатива за транспарентност и се обврза да го наведе потеклото на дијамантите употребени во своите дизајни. Со ова стана прв бренд со точно и јавно откриено потекло на секој дијамант и со целосна приказна за „патувањето“ на скапоцениот камен од неговото пронаоѓање преку обработката до поставувањето во накитот.
Легендарниот јувелирски бренд смета дека треба да се осврне на растечката грижа на потрошувачите за грдото и неетичко потекло на минералите, затоа се обврза да го наведе потеклото на дијамантите – секој од дијамантите од 0,18 карати и поголеми ќе има свој сериски број, а ласерски ќе биде гравирано потеклото и информациите (ласерското означување не е видливо за човечкото око).
Компанијата веќе има водечка улога во обезбедувањето дијаманти од неконфликтни подрачја, а иницијативата за дијамантски извор е следниот чекор во одговорно снабдување.
Потрошувачите на Tiffany & Co., особено милениумците кои најверојатно најмногу ќе купуваат веридбени прстени, станаа свесни за темното минато на дијамантската индустрија, вклучително за „крвавите“, и „конфликтните“ дијаманти што се употребуваат за финансирање на разни тероистички групи, потоа за злоупотребата на трудот на оние што ги обработуваат, и за лошите еколошки практики.
Многу јувелири, како дијамантскиот гигант De Beers, на трендот за етички пристап во модата и бизнисот со луксузни предмети одговори со поинаква тактика – воведување на синтетички и лабораториски создадени дијаманти.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари