Актерот Том Хидлстон е заштитно лице на кампањата за новата ресорт колекција на брендот „Гучи“. Ова е прва поголема модна кампања на Хидлстон и тој ќе ги промовира креациите и скорените костуми од машката линијата Cruise Тailoring за пролет 2017. Актерот со стајлинг на модерен денди маж позира во историски амбиент во вилата на Тони Дакет, легендарен американски уметник кој специјализирал дизајн за филмови и театар. Фотографиите ги направи Глен Лачфорд, а стајлингот на Џо Мекена.
Нема коментари