Креациите од урбаниот бренд за квалитетна машка и женска облека, „Том Тејлор“, од денеска ќе може да се набават во новата продавница на приземјето во „Скопје сити мол“. Набрзо, во текот на октомври се очекува да биде отворена и вториот продажен салон во Скопје, во „Капитол мол“. „Том Тејлор“, кој важи зе еден од водечките модни брендови во Европа е достапен во повеќе од 35 држави, каде што купувачите можат да уживаат во различните модели со висок квалитет и достапна цена.
Во Македонија потрошувачите ќе имаат можност да направат избор од широката палета„кежуал“производи на „Том Тејлор“, намената за мажи и жени од 20 до 55 години. Машката и женска модна линија „Том Тејлор“ е наменета за модерни луѓе кои го сакаат урбаниот стил. Истата,лесно може да се носи насекаде како во: канцеларија, во училиште или на викенд забава со пријателите. Истовремено, секој може да го пронајде сопствениот индивидуален стил благодарение на многубројните понудени комбинации. „Том Тејлор“ е бренд за оние кои во облеката се чувствуваат удобно и опуштено, а истовремено и модерно. Новата колекција есен – зима 2014 ја покажува разноликоста која ја нуди брендот „Том Тејлор“. Модерниот стил е рефлектирансо едноставни и урбани линии, софистицирани карактеризиран со комфор, елеганција, чисти линии, смирени колоритни тонови, перфектен дизајн и внимателно избран квалитетен материјал.
Во колекцијата на „Том Тејлор“ се вклучени и винтиџ парчиња од 1962 година. Со нивните ситни детали, светли бои, удобноста како и џинсот сигурни сме дека ќе бидат омилен избор за секојдневниот изглед. Љубителите на спортскиот моден стил ќе бидат одушевени од облеката која е инспирирана од американскиот „колеџ стил“, која претставува свежа, колоритна, релаксирана и удобна колекција.
Нема коментари