Американскиот моден дизајнер Томи Хилфигер забележал дека модната индустрија го заобиколува проблемот со облека за луѓето со различни форми на инвалидитет и претстави машка и женска колекција под името Tommy Adaptive која ги задоволува нивните потреби. „Инклузијата и демократизацијата отсекогаш биле јадрото на мојот бренд. Ове колекции продолжуваат да ја градат оваа визија, поттикнувајќи ги и давајќи им на возрасните да се изразат себеси во мода,“ вели дизајнерот за облеката наменета за лица кои поради одреден хендикеп имаат проблем да се облечат.
Томи Хилфигер претстави 37 машки и 34 женски парчиња за луѓе со различен хендикеп, како кошули, панталони, фустани, џемпери и јакни со посебни карактеристики кои ќе им го олеснат облекувањето на луѓето кои ги носат, но и на нивните помагачи. Кошулите имаат копчиња со магнети кои ќе им помогнат на луѓето со една рака да ја соблечат преку глава, додека панталоните се со разни детали и лепенки кои исто така ќе овозможат лесно облекување и соблекување. Дизајнерот претходно лансира линија за деца со хендикеп, сега и за повозрасните понуди модерна облека во кежуал стил.
Нема коментари