Проектот „Дизајнерите за Trash Fashion Macedonia“ доживеа своја завршница на вчерашната изложба во кафе барот „Цреша“, каде што беа поставени дизајнерските шапки онаправени од рециклирани материјали на четири домашни дизајнери – Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Драган Христов од „Лудус“ и Билјана Клекачкоска. Тие во духот на еко-мода дадоа свој придонес за подигање на свеста за зачувување на животната средина преку креирање дизајн од пластични и хартиени кеси, метална жица, стари списанија, јутена вреќа, картон… Организаторот на промотивната изложба, Здружението ОХО, исто го најави главниот настан на Trash Fashion Macedonia, петтиот по ред натпревар на креации изработени со реупотреба на материјали на кој ќе учествуваат повеќе средни училишта во Македонија, кој ќе се одржи на 3 јуни во Младинскиот културен центар.
Крајните дизајни на Филиповиќ, Тошева, Христов и Клекачкоска добија и свој фотосесија, на која работеа Јована Зука како фотограф, Бисера Димеска како модел и Игор Марков задолжен за шминката.
Ирина Тошева
Драган Христов – Лудус
Јована Филиповиќ
Билјана Клекачкоска
Нема коментари