• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
фото галерија 0

Trash Fashion Macedonia: Средношколците преку креативни идеи ја споија модата со еко-свест

Од stylist @StylistMKD · На јуни 6, 2014

Стара хартија, пластични цевки, ренгенски снимки, најлонски кеси, електронски отпад, ленти од апчиња, кутии со мов, падобранско платно, стари крпи или преку 1.000 килограми различен вид на отпад беше искористен да се создадат 45 модни креации од вредните раце на средношколци од исто толку училишта низ Македонија, креации што вчеравечер беа прикажани на модно шоу на четвртиот по ред настан наречен Trash Fashion Macedonia. Модната ревија што се одржа пред бројна публика во дансинг-салата на МКЦ е во организација на „ОХО“ во чест на 5 јуни, Светскиот ден на животната средина.

Josip Broz Tito- Skopje, Prvo mesto - Not another princess girl

Прво место освои моделот Not Another Princess (Јосип Броз Тито/Скопје)

Ревијата на парчиња направени од редизајнирани материјали од отпад имаше натреварувачки карактер, а жирито во состав Франк Видекер, регионален советник во Амбасадата на Швајцарија, Александра Младеновиќ-Костиќ, директор на програмата „Интерграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, модната креаторка Росица Мршиќ, музичарот Тони Зен и модната стилистка Цаци Паковска додели 4 награди. Првото место го освои моделот Not Another Princess од улилиштето „Јосип Броз Тито“ од Скопје кој беше изработен од искористени ленти од апчиња и стари крпи, потоа моделот „Марија Антоанета“ направен од картони и кутии за јајца од страна на учениците од „Никола Карев“ од Скопје го освои второто место, а третото му припадна на училиштето „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка за моделот „Касипеи“ за чие креирае беа употребени фискални сметки и кибрити. Беше доделена и награда за најдобар моден додаток – ланче изработено од стари цд-а, дело на учениците од „Димитрија Чуповски“ од Велес. Наградниот фонд го обезбедија партнерите на настанот – Стопанска банка, „Фабрес“, „Божиновски часовници и накит“ и „Охо“.

Nikola Karev Skopje - vtoro mesto, Marija Antoaneta

Второ место за моделот „Марија Антоанета“ (Никола Карев/Скопје)

Средношколците креираа облека и модни додатоци од различен вид на стар отпад и се инспирираа од повеќе теми и ликови како Клеопатра, Марија Антоанета, Фрида Кало, но и архетипи на принцези, урбани девојки, антички македонски воин. Преку овој проект се поттикнува креативноста кај младите, но што е уште поважно се зголемува општествената свест за зачувување на животната околина и намалување на отпадот преку негова реупотреба. Тимовите од средните училишта на своите креации работеа во последните три месеци, а сами се погрижија за претставувањето и стилизирањето на својот изглед. Моделите се претставија на модна писта која во духот на настанот беше „украсена“ со стари водоводни цевки, а беа пропратени со роботски аудио-визуелни ефекти преку кои беа најавувани информации за креациите.

Gorce Petrov, Kriva Palanka - treto mesto - Kaselie

Трето место освои моделот „Касилеи“ (Ѓорче Петров/ Крива Паланка)

Trash Fashion Macedonia 2014 што се одржа на Светскиот ден на животна средина оваа година е дел од настаните на листата на Обединетите нации, од програмата за животна средина UNEP. Настанот го организира „Здружението на граѓани Охо“ и е дел од „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем,“ која се реализира во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за образование и наука на Република Македонија. Исто така Stylist.mk во рамките на Trash Fashion Macedonia 2014 одржа кусо предавање за реупотреба на старата облека и работилница за редизајнирање во која учествуваа 150 средношколци  кои создадоа креативни решенија од стара облека и модни додатоци.

Dimitrie Cupovski - Veles, najdobar moden dodatok

Награда за најдобар моден додакот освои тимот на „Димитрие Чупоски“ од Велес

 

Trash FashionTrash Fashion Macedonia 2014Амбасада на ШвајцаријаЗдружението на граѓани ОХОмодна ревијаРосица МршиќТони ЗенЦаци Паковска
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • skopje fashion festival фото галерија

    Нови колекции на македонски дизајнери на Скопски моден фестивал

  • pirelli 2022 (2) фото галерија

    Пирели календар 2022: Фотоприказна за музичките ѕвезди и животот на турнеја

  • 01 (1) (1) фото галерија

    ОДГОВОРНА ИДНИНА – Модна колекција и виртуелна изложба на учениците со оштетен слух од „Партенија Зографски“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • 2 (3)

    Byredo De Los Santos – мирис креиран да го слави животот

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • 1

    „Љубовна парада“ – спектакуларна ревија на Гучи во Холивуд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 20

    Во опуштена атмосфера во знакот на Juliette has a Gun, Magnolia Bliss пристигна во нашиот град

    мај 21, 2022
  • 0 marella

    Александар Ношпал за Styling Sessions со Marella: „Има простор за сценскиот гламур и во секојдневието“

    мај 21, 2022
  • 1 zara

    Белиот фустан како моден евергрин во интерпретација на Zara

    мај 19, 2022
  • 1

    Белата маица евергрин во модата

    мај 19, 2022
  • dm_inspiracija (3)

    Со мурал од Нина Симовска dm дрогерие маркт ќе креира бран на инспирација

    мај 19, 2022

Убавина

  • 20

    Во опуштена атмосфера во знакот на Juliette has a Gun, Magnolia Bliss пристигна во нашиот град

    мај 21, 2022
  • INT_EN_ECN_210006_210007_210008_Anti_Pigment_Skin_Perfecting_Serum_08_2021_static-_FBPost_v2

    Отстранете ги пигментните дамки и заштитете ја кожата во лето со Еуцерин

    мај 17, 2022
  • 2 (3)

    Byredo De Los Santos – мирис креиран да го слави животот

    мај 16, 2022
  • manikir

    Розовата и црвената споени на ноктите за разигран пролетен маникир

    мај 9, 2022
  • 11 (1)

    Откријте го новиот производ од линијата Abeille Royalе на Guerlain кој ќе ја смири и ревитализира сувата кожа

    мај 2, 2022

Живот

  • dm_inspiracija (3)

    Со мурал од Нина Симовска dm дрогерие маркт ќе креира бран на инспирација

    мај 19, 2022
  • Strawberry Chia Pudding

    Кремаст чиа пудинг со јагоди

    мај 18, 2022
  • We edition 2

    Пет причини зошто онлајн шопингот е подобар

    мај 18, 2022
  • CUPIMG_5026

    Во услови на криза мора да се унапредат женските бизниси преку дигитални технологии

    мај 17, 2022
  • evropsko prvenstvo vo tanci (4)

    Приказната на Европското првенство во танци 2022 започна — Флешмоб од над 500 танчери во Ист Гејт Мол!

    мај 16, 2022

Култура

  • SM

    Марио Бионди со прв концерт во Скопје

    мај 17, 2022
  • image4-6

    Битола по 23-ти пат домаќин на Интернационален фестивал на монодрама

    мај 10, 2022
  • dimitar kondovski

    „Ретроспективна изложба“ на Димитар Кондовски во Даут пашин амам

    мај 5, 2022
  • Изложба на Наташа Неделкова

    Отворање на самостојна изложба на Наташа Неделкова в сабота во МСУ

    мај 5, 2022
  • soc media post kosta petrov

    Промоција на книгата „Што ќе кажат другите?“ од Коста Петров

    мај 4, 2022

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics