Се појави првиот трејлер за новиот филм „Валеријан и градот на илјадници планети“ на Лук Бесон, авторот на „Петтиот елемент“ кој повторно се враќа на научно-фантастичниот жанр. Филмот е работен врз основа на култниот француски стрип „Валеријан и Лорелин“ на Жан-Клод Мезиерс, а во него глумат Дан де Хан како Валеријан и Кара Делевињ како Лорелин, а се појавуваат и Клајв Овен, Ријана, Итан Хоукс, Рутгер Хауер и Џон Гудман. Во трејлерот се користи, за првпат во историјата, песна на „Битлси“, Because од албумот Revolver, за што согласност дале Пол Макартни и Ринго Стар. Премиерата на филмот е закажана за следната година.
Нема коментари