Две дами од кралските семејства, шпанската кралица Летиција и британската војвотка Меган Маркл, неодамна се појавија во исто здолниште – бордо кожен модел од Hugo Boss, и преку своите комбинации потврдија дека миди кожените здолништа се голем тренд есенва. Периодов во слични модели ги видовме и актерките Шарлиз Терон и Рене Зелвегер. Кожените здолништа кроени како таканаречените молив-здолништа, нудат елеганција во женските стајлизни, а според стилот на познатите дами, преовладуваат верзиите во есенски бои. Се комбинираат со елегантни кошули или со тенки џемпери. Интересни се и стајлинзите на Шарлиз и Рене – првата избрала беж парчиња, а втората носи одлична есенска комбинација од здолниште во темновиолетова боја, џемпер со впечатливи ракави и салонки со леопардов принт.
Нема коментари