• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
трендови 0

Тренд на FWSK: Срамежливо, но значајно збогатување на македонската машкa мода

Од Ана Несторовска · На ноември 6, 2014

irina toseva maska moda

Од 15-тина домашни дизајнери, само (или дури) четворица презентираа машки креации на неодамна завршениот Моден викенд-Скопје. Процентуално ова е можеби најбогатото издание на FWSK со колекции со машки модели, но сè уште e далеку од потребата на овој пазар за автентична машка мода. Ирина Тошева и Никола Петровски, традиционално, во рамки на своите сезонски колекции лансираа и модели за момчиња. Ист е случајот и со македонскиот креатор кој живее и работи во Бангкок, Јован Петровски, кој по неколку години пауза се врати на оваа манифестација. Кaко и во своите претходни ревии, и овој пат голем дел од својата колекција ја посвети на машкиот пол. Јована Филиповиќ, пак, како противтежа на својата приказна за дивата, страствена страна на свремените жени, понуди неколку машки креации, што е исчекор напред во нејзините презентации.

irina toseva maska moda2

Од колекцијата „Зебра“ на Ирина Тошева

Колекцијата „Зебра“ за есен-зима 2014/15 на Тошева, која покрај на Модниот викенд-Скопје беше претставена и во рамки  Fashion Week Serbia, понуди два целосни машки стајлинзи, првиот со принт на зебра што се повторува на кошула, како и комбинезон. И во првите редови на ревијата можеа да се видат креации произлезени од оваа линија. Моделите се младешки, ведри и во духот на приказната на колекцијата-посветена на индивидуалци што осткокнуваат од околината.

nikola kolaz12

Креации за пролет-лето 2015 на Никола Петровски

Полова рамноправност секогаш има во колекциите на креаторот од Битола, Никола Петровски, кај кој машките и женските модели се надополнуваат и прават една целина. Како и во претходната летна колекција, дизајнерот за машките понуди креации со принтови што доловуваат ведра летна приказна. Обој пат покрај шорцевите имаше и дуксери, како и кошули со апликации. Моделите се за похрабри мажи и момчиња, што сакаат да бидат забележани.

jovana kolaz maska moda

Машките модели како противтежа на женската линија на Јована Филиповиќ

Двете машки комбинации што ги претстави Јована Филиповиќ се урбани, со модерен крој и со уникатен дизајн. Во нив би се препознале мажи што негуваат различни стилови. Тие се удобни и практични со диксретна спостка нота, наменети за оваа зима. Покрај панталоните, шорцевите и кошулоте, кои најчесто се појавуваат во машките линии на нашите дизајнери, таа направила и современ капут, со квалитетен и автентичен крој. 

jovan maska moda1

Од линиите SQUIRE и Blackout на Јован Петровски

Јован Петровски во Скопје претстави модели од двете линии, SQUIRE и Blackout на кои работи во Бангкок. Во основа креациите се црни или монохроматски, со бели и индиго сини комбинации. Понуди широка палета од модерни минималистички машки кошули, блузи и  панк панталони . Дел од креациите се со принт-костурска глава. Динамиката ја нагласил кај формите, па така кошулите и панталоните не со во класичен крој, но не отскокнуваат многу од линијата на телото. Ова се креации за човекот од иднината, кој не им робува на навиките, дрескодовите и стилските ограничувања.

jovan maska moda2

jovan maska moda3

jovan maska moda4

Јован ПетровскиЈована ФилиповиќБангкокесен-зима 20014/15Ирина Тошевакошулимакедонски дизјанеримашка модаМоден викенд-СкопјеНикола Петровскипанталонипринтпролет-лето 2015Тренд
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 трендови

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

  • 1 mantil трендови

    Времето надвор променливо – мантилот одлично модно решение

  • 1 трендови

    Плетените и трикотажните фустани идеални за овој преоден период

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics