Веќе ве информиравме дека во мода се враќа уште едно парче кое се носеше во 70-тите – сомотските панталони со висок струк, трендетерките и ѕвездите на уличната мода веќе прошетаа во комбинации со ова парче, а во понудата на high street брендовите може да најдете различни верзии на овие панталони. Еден пример се сомотските панталони во валкано розова боја на „Манго“, кои брзо станаа хит меѓу вљубеничките во модата.
Направени од мек сомот овие панталони од „Манго“ се идеален избор за зимските денови, со кројот ја издолжуваат и истенчуваат силуетата, а добро се комбинираат со бел џемпер, шарена блуза, ролка и под палто.
Нема коментари