Како да го откривме омилениот костим на сезоната – комплет од дворедно сако и крaтко здолниште, направен од розово-бел кариран материјал, кој е дел од колекцијата на шпанскиот бренд „Манго“. Стилските ѕвезди и трендсетерките си пронајдоа идеална комбинација во овој комплет, а забележавме дека ја носат Наталија Водјанова, Леандра Медин, Дајан Кругер, Елена Перминова, Бланка Миро… Тие покажаа дека овие две парчиња на „Манго“ може да се комбинираат на различен начин – со дебели хулахопки кога е поладно, со женствени, но и со груби војнички чизми, или сакото одделно со џинс и црни хеланки.
Нема коментари