• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 0

Трикратниот добитник на награда на Санденс – филмот „Улиште“ во кината Синпелекс во Скопје

Од stylist @StylistMKD · На ноември 5, 2021

HivePoster (1)

Долгометражниот игран филм “Улиште” (анг. Hive), по сценарио и во режија на Блерта Башоли, копродукција меѓу Косово, Швајцарија, Северна Македонија и Албанија, трикратен добитник на награда на 38. Филмски Фестивал Санденс (Парк Сити, Јута, САД) и официјален косовски кандидат за наградата Оскар за најдобар меѓународен филм, ја започнува својата кино-дистрибуција во Северна Македонија и од 4-ти ноември се прикажува во Кината Синеплекс во Скопје Сити Мол.

“Улиште” е копродукција меѓу Косово, Швајцарија, Северна Македонија и Албанија, поддржана од Косовскиот кинематографски центар, Федерална канцеларија за култура ФОЦ и Синефором (Швајцарија), Агенцијата за филм на Северна Македонија и Националниот центар за кинематографија на Албанија, во продукција на Филм Индастри и Иконе Студио со Алва Филм Продукција, Црна Мачка Продукција, Албаскај, Швајцарската национална телевизија, а Левел К ги има правата за интернационална продажба на филмот.

До сега, филмот беше дел од програмата на триесетина интернационални реномирани фестивали, меѓу кои: Сараево, Карлови Вари, Ерусалим, Букурешт, Хелсинки, Бусан, Цирих, Варшава, Рим, Монпеје, Сао Паоло. Покрај наградите, „Улиште” ја освојува критиката и љубителите на филмот низ целиот свет.

Филмот базира на вистинска приказна, и го претставува ликот на Фахрије, чиј сопруг исчезнува во војната во Косово. Додека трага по него, одлучува да започне мал земјоделски бизнис со цел да обезбеди егзистенција за своето семејство. Но за жал, во традиционалното и патријархално опкружување, нејзината амбиција за еманципација не е прифатена. Нејзиниот бизнис започнува да се развива, додека пчелите во нејзината кошница (улиште), се чини дека се хаотични и агресивни кон неа. Во своите обиди да најде мир со пчелите, Фахрије наоѓа мир со самата себеси.

Блерта Башоли е млада режисерка родена во Косово. Дипломирала на Универзитетот во Њујорк, на отсекот за Филм и ТВ. Има режирано неколку кратки филмови за кои е и наградувана, а “Улиште” е нејзиното дебитантско долгометражно остварување.

Главната улога ја толкува Јилка Гаши, а меѓу актерите кои играат во филмот се: Чун Лајчи, Кумрије Хоџа, Аурита Агуши, Адријана Матоши, Астри Кабаши, и од Македонија – Адем Карага, Зарије Јонузи Челику и Шќелќим Ислами.

Кинематографер е Алекс Блум, монтажата е на Едис Сарачи и Феликс Сандри, сценограф е Влатко Чачоровски, костимографијата е на Хана Зеќа и Фјорела Мирдита, а шминката е на Фиона Абдулаху. Продуценти на филмот се Јил Ука, Валон Бајгора, Агон Ука, а копродуценти Брита Ринделауб, Кристијан Буровски, Томи Салковски, Паскал Семини.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 филм

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

  • 1 OSCARS o_38572296_1280 филм

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

  • 2V7A7475 филм

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics