Младата Ангела Младеноска која стои зад брендот Angie M. за ова лето претставува колекција која се состои од костими за капење и облека за плажа, преку фотосесија снимена покрај море во Грција. Преовладуваат едноделни парчиња и бикини, јаки бои и животински принт, изрези и врвки на креациите.
-Посакајте му добредојде на новото тропско лето и новата Tropic – Jungle SS21 колекција. Експлозија на бои, микс на флора и фауна кои пленат со својата егзотична енергија. Песок, шуми, градини, острови, мориња и океани…сето ова е искористено како одлично избалансирана инспирација за новата колекција, со цел максимално да уживате во врелата летна сезона, но и во самите модели. Жените сакаат да се чувствуваат женствено и заводливо, уживајќи под летните зраци на сонцето облечени во боите на тропските предели, колоритно, впечатливо, а пред сè комфорно. Во оваа SS21 колекција преовладува тропскиот момент, во кој исто така се испреплетува леопард принт, како и принтот кој асоцира на флората од овие предели. Дводелни костими и едноделни костими за капење, изработени да го изцртуваат женското тело, со интересни врвки кои додаваат посебна уникатност во изгледот, но и летни фустани кои го заокружуваат целосниот летен изглед за дневни и вечерни уживања покрај обала. А за оние кои ги следат светските трендови, подтотвивме и плетени костими за капење во кои ќе изгледате ултра модерно – ја објаснува Ангела својата колекција.
Ангела изразува голема благодарност до дизајнерот Мите Занов за неговата професионалсност и посветеност, како и до целиот тим од Грција за вложениот труд за реализација на новата колекција за пролет-лето 2021: фотограф – Mirella Sfakianaki, шминка и фризура – Gianna Gialantsidi, познатиот модел, Мис Грција – Erika Kolani и Ангела Младеноска и модната агенција Models In Management. Локацијата на фотосесијата е местото Глифада во Грција.
За целосната организација и дизајн на колекцијата се погрижи Ангела Младеноска, основач на Angie M.. Специјална благодарност до Вања Малденоска, коосновач на Angie M..
Новата колекција сега е достапна на е-шопот https://angie-m.com/, како и на социјалните мрежи Instagram и Facebook.
Нема коментари