Модните ревии на „Шанел“ секогаш се спектакли на кои креативниот директор Карл Лагерфелд претставува колекции покрај раскошни сценографија која некогаш е аеродром, супермаркет, француско бистро, другпат вселенска станица, па дури и реплика на Ајфеловата кула поставена во париската Grand Palais. За прикажувањето на новата колекција за пролет-лето 2018 на Париската модна недела, Лагерфелд и „Шанел“ нè однесоа многу подалеку од Париз, во тропските дождовни шуми на друг континент.
Тропската прашума на „Шанел“ беше дополнета со водопад, огромни камења, дрвја, опкружување што се чини е доста соодветно за колекцијата во која има водоотпорни модни парчиња, како пластични шапки, мантили што заштитуваат од дожд, и високи чизми од проѕирен ПВЦ материјал. Колекцијата ќе ве заштити од вода на секаков начин, што можеби е ироничен коментар на последните урагани и климатските промени.
@chanelofficial Prêt à Porter Printemps Été 2018 #VelvetEnParis #Fashion #Paris #Chanel A post shared by Velvet Magazine (@velvet_magazine) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари