Актерката Шарлиз Терон блеска во новата видео-реклама за парфемот J’adore на „Диор“. Буквално! Облечена во раскошна тоалета златен отсјај таа нè води низ луксузна сала која симболизира минатото, но брза кон иднината која која е златна. Оскаровката веќе неколку години е заштитно лице на овој парфем на модната куќа „Диор“, а во новата реклама носи златен фустан, рачно изработен и везен мониста по мониста за да и’ стои совршено на нејзиното тело. На новата кампања за J’adore Шарлиз соработуваше со познатиот француски фотограф Жан-Баптист Мондино.
Нема коментари