Убавиците кои имаат потпишано договор да ги рекламираат производите на козметичкиот гигант L’Oreal снимија заедничка рекламна кампања. Блејк Лајвли, Зои Салдана, Џејн Фонда, Џулиен Мур, Летиција Каста, Фрида Пинто, Ева Лонгорија, Инес де ла Фресанж и Наташа Поли направија заедничка фотографија со Норман Џин Рој на која ги гледаме облечени во бела облека со црни детали и на која сите блескаат благодарение на црвениот кармин на нивните усни. Слична кампања L’Oreal направи пред една година за колекцијата Color Riche кога заштитните лица на брендот беа фотографирани во црна облека и со кармин во неутрални нијанси, а овојпат акцентот е на црвениот кармин.
Нема коментари