Повеќе од десет актуелни дизајнери на облека и на накит, како и креативни домашни колективи и брендови ќе се претстават на Designers Outlet во рамки на Skopje Design Week. По низата успешни поп-ап продажби во Скопје и други градови во земјата, „Лудус“ и KAPKA Jewelry повторно ја организираат дизајнерската продавница, во рамки на Скопската недела на дизајнот, што ќе се одржи од 23 до 28 септември во Куршумли Ан во Старата скопска чаршија.

Јана Ацевска од KAPKA Jewelry и Драган Христов („Лудус“) ќе ги претстават своите дизајни на настанот
Покрај Јана Ацевска од KAPKA Jewelry и Драган Христов, кој стои зад „Лудус“ во модниот агол ќе се претстават етаблираната креаторка Јована Филиповиќ, етикетата Acid Wear Girls, Калина Брајковска, дизајнерките на уникатен накит и модни додатоци Марија Милошевска , Илина Поповска, Јасмина Главинче – (WIZART), Евгенија Петровска („Гоблен“), „Симон Ангел“, Билјана Маџар и Сара Реџиќ. Најавена е и презентацијата на македонскиот креативен бренд за подароци – MUNUS.

Брендот за урбана женска облека Acid Wear Girls редовно учествува на дизајнерските поп-ап придавници
Учесниците во простор за изложување од 2 на 2 метра во афтентичниот простор на Куршумли ан, ќе ги престават своите свежи и најсовремени парчиња мода, накит и модни додатоци. Ќе има можност за интеракција помеѓу дизајнерите и публиката. Настанот по својот карактер ќе претставува мешавина од изложбен и продажен простор.

Марија Милошевска е една од најафтентичните современи дизајнерки на накит

Од последната, пролетна колекција на Јована Филиповиќ

MUNUS-eтикетата за креативни подароци за неколку месеци стана препознатлив бренд
Нема коментари