Во центарот на Скопје, на улицата „Максим Горки“ разубавена со дрва на јапоснка цреша, од пред десетина дена место си најде „Радост“, мал и урбано уреден простор, ама кој нуди голема радост и задоволство за скопските „кафеџии“ и „сладоледџии“. Во „Радост“ може да најдете италијанско кафе со различни вкусови и повеќе видови сладолед со над 30 нијанси на неодоливи додатоци. О, кажи сега да, ил не, да знам, ќе дојдеш ли на рандеву во „Радост“ – како ново мото позајмено од стар македонски музички евергрин, а како сладоледџиски евергрин од „Радост“ со радост ќе ви препорачаат чоколадо и ванила, па на корзов со новата симпатија.
Нема коментари