Најголемите светски козметички брендови на дофат во центарот на Скопје
Овој петок, 7 јули, со почеток во 20 часот се отвора новата парфимерија на Anabella во рамките на хотелот Marriott во центарот на градот. Парфимеријата ќе биде од луксузен карактер и место во кое ексклузивно во Македонија ќе се продаваат козметичките производи од линијата Tom Ford Beauty на славниот дизајнер Том Форд. Исто така Anabella најавува голем избор на niche брендови, како на пример Amouage, Bond NO.9, Escentric Molecules, Houbigant, а многу скоро ќе биде достапен и уште еден луксузен и светски популарен бренд – La Mer. Во парфимеријата ќе ги има и козметичките производи на веќе докажаните брендови Estee Lauder, Clinique, Trussardi, Burberry, Bulgari и Versace.
Нема коментари