Колекцијата резултат на соработката меѓу креаторот Џамбатиста Вали и модниот бренд H&M, беше вчера претставена на ревија во палатата Palazzo Doria Pamphilj во Рим. Италијанецот Вали својата модна куќа ја основал во Париз, но оваа колекција одлучи да ја претстави во родниот Рим. На пистата во палатата продефилираа машки и женски креации од Giambattista Valli x H&M колекцијата, која од 7 ноември ќе се продава во продавницие на H&M по достапни цени. Исто така, откриена е и рекламната кампања за колекцијата во коа се појавуваат Кендал Џенер, Краја Ферањи, пејачката HER и други модели и познати личности.
Нема коментари