Опра Винфри, Риз Витерспун, Никол Кидман, Том Хенкс и други врвни актери се најдоа на насловната страница на новиот број на престижниот магазин Vanity Fair, како дел од традиционалното холивудско издание. На првата фотографија се и Гал Гадот, Зендаја, Мајкл Б. Џордан, Клер Фој, Џесика Частеин, Харисон Форд, Мајкл Шенон, а во крајниот десен агол покрај Роберт де Ниро го гледаме и главниот уредник на магазинот, Грејдон Картер. Фотографија на насловната и оние во внатрешниот едиторијал, ги потпишува Ени Лејбовиц, но целата фотосесија доби критики поради очигледното масовно користење на фотошоп и многуте видливи грешки.
Кога се прави групна фотографија неретко ликовите се сликаат посебно, па потоа се лепат – оти нема друга причина поради која Џесика Частеин и Гал Гадот се со развеани коси и при нивното фотографирање очигледно се користени вентилатори за ефект. Се прашуваме Том Хенкс на што се потпира, а и Харисон Форд малку чусно е застанат и е толку јасно дека е отпосле додаден на фотографијата. Никол Кидман личи како да е Наоми Вотс, нејзината долгогодипна пријателка. Но доааѓаат и грешките. На насловната Витерспун изледа како да има три нозе, а на друга пропратна фотографија Опра има три раце. За ови фотошоп грешки и самите се шегуваа на Твитер.
Веднаш се разви дискусија на социјалните мрежи како е Риз седната што се добива ефект на три нозе, дали раката на Опра со која ја гушнала Риз е премногу долга, дали Риз едната нога всушност ја има позајмено од Зендаја, како тоа Никол е потпрена со раката врз фустанот на Опра, ама фустанот на ѝ е истуткан на тоа место, и безброј други #photoshopfail дилеми.
Well…I guess everybody knows now…I have 3 legs. I hope you can still accept me for who I am. ( and I will never apologize for snuggling @Oprah .. if you get the opportunity, I highly recommend it;) https://t.co/6GyrfWxNSY
— Reese Witherspoon (@RWitherspoon) January 25, 2018
oprah has three hands & reese has three legs, and we are here for accepting them for who they are!! 2018 is all about LOVING OUR BODIES!! pic.twitter.com/TX7L2JIDno
— tyler oakley (@tyleroakley) January 25, 2018
Нема коментари