Списанието Vanity Fair веќе 25 години го подготвува холивудското издание и еднаш годишно издава број посветен на холивудските ѕвезди кој е пропратен со насловна располслана на три страници на која се фотографирани актуелните актери. Оваа година на насловната се најдоа 11 актери кои се најбарани во последната година и кои се од различно етничко потекло – Чедвик Босман, Серша Ронан, Тимоти Шаламе, Николас Холт, Јалица Апарисио, Рами Малек, Реџина Кинг, Џон Дејвид Вашингтон, Елизабет Дебики, Теса Томпсон и Хенри Голдинг. Во добата кога е политички некоректно да се протежираат само бели актери, ова холивудско издание на престижното списание покажа диверзитет и застапеност на актери од различна раса, етничка припадност и род.
Холувудското издание долги години го фотографираша Ени Лејбовиц, но оваа година Vanity Fair го ангажира кинематограферот Емануел Лубецки, кој направи и „слики што се движат“.
Нема коментари