Брендот Vans се здружи со музејот на Ван Гог во Амстердам на нова капсулна колекција, правејќи спој меѓу патики и уметност. Во ексклузивната колекција се „позајмува“ уметноста на Винсент Ван Гог и се реинтерпретира во силуетата и стилот на скејтерскиот моден бренд.
Сончогледите на Ванг Гог, еден негов портрет, како и делата со мотив на скелети и на бадемови цветови се насликани на патиките, маиците, дуксерите, бомбер јакните, ранците и капчињата на Vans.
Дел од профитот од продажбата на колекцијата ќе биде наменет за заштита на сликарското наследство на Ван Гог. Исто така идејата е уметноста и историјата да им се доближат поблиску на младата генерација, и делата на Винсент „од ѕидовите“ да се пренесат „надвор од светот на музејот“.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари