• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
здрав живот 0

Важноста на раната детекција на ракот на дојка

Од stylist @StylistMKD · На октомври 14, 2019

Picture1

Томас Фулер, британскиот историчар и свештеник, многу одамна ја има кажано една од денеска најчесто употребуваните изреки „Подобро да се спречи, отколку да се лечи“. Сепак, се чини дека повеќето од нас воопшто не ја следат оваа мудра и корисна поука која се однесува за грижата за сопственото здравје. Податоците говорат дека околу 10% од вкупната женска популација во некоја етапа од нивниот живот се борат против ракот на дојка, што го прави овој тип на рак најчест кај жените низ светот. Статистиката  на Институтот за јавно здравје вели дека годишно од рак на дојка во Македонија умираат 279 жени, или 27 на 100.000. Најголем број од смртните случаи се на возраст од 55 до 59 години, а најголеми шанси за успешна борба против ракот на дојка, како и на сите останати видови карциноми, нуди раната превенција. Превенцијата кај жените вклучува самопреглед на дојките, како и редовни мамографски и ехо прегледи со цел болеста да се открие во претклинички стадиум.

За ова, многу често се дискутира во јавноста, но се чини дека сѐ уште голем број од  жените некако потсвесно ја потиснуваат темата и избегнуваат да прават редовни прегледи. Факт е дека денес современата технологија и интернетот на луѓето им ги ставаат на дланка неопходните информации за различни болести, меѓу кои и за ракот на дојка, сепак тоа не може да влијае на намалување на бројката на заболени во државата, но и во светот. Оттука, со цел да ги зголеми свесноста и неопходноста од редовна себегрижа, компанијата Македонски Телеком, како технолошки партнер на кампањата #ПаузаЗаПреглед креираше информативно-едукативен микросајт на кој се наоѓаат инструкции за правење самопреглед, како и информации и едукативна содржина за ракот на дојка. Пристапот до овој микросајт единствено е овозможен преку мобилен телефон, а корисниците на Македонски Телеком го имаат директниот линк со пристап до www.pauzazapregled.mk преку SMS со пораката „Денес допрете го телефонот за добро“.

Вклучувањето на Телеком во кампањата со оваа иницијатива е уште една потврда дека  современата технологија покрај бројните комуникациски придобивки може да се искористи и за општо добро, во случајот за рана детекција на болеста. Самопрегледот е едноставен и се состои од само три чекори. Толку брзо, а исклучително важно за здравјето на секоја жена.

Проектот е уникатен и навистина корисен, бидејќи во случајов технологијата се става во функција за добри цели. Сепак, не треба да заборавиме дека освен самопрегледот, редовните лекарски контроли се најефикасни за раното откривање и дијагностицирање на ракот на дојка. Се препорачува да се прави самопреглед на дојките еднаш месечно, почнувајќи од 20-годишна возраст. Што се однесува до првата мамографија, препораките од лекарите е таа да се направи околу 40-тата година. Жените на возраст меѓу 40 и 50 години треба да прават мамографија на секои 2 години, а  после 50-тата година еднаш годишно.

Никогаш не е погрешно време за промени – ниту премногу рано, ниту премногу доцна, без разлика дали имате 15, 25 или 55 години. Промената на животните навики може да има многу важна улога за одржување на здравјето. Редовните прегледи се само почеток на грижата за вашето здравје, а раната детекција на болести како ракот на дојка е од круцијално значење за нејзина превенција, како и за квалитетот на животот.

Октомври е посветен на борбата против ракот на дојка, па така  и информативно-едукативниот микросајт www.pauzazapregled.mk ќе биде активен во текот на целиот месец. Кампањата #ПаузаЗаПреглед иницирана од AVON и технолошки поддржана од Македонски Телеком повикува на активна едукација за ракот на дојка и за важностите на рана детекција и превенција на оваа болест. Со приклучување кон оваа кампања, се приклучувате во борбата што секојдневно ја водат милиони жени во светот. Затоа, уште денеска, одвојте време за себе, направете пауза за преглед и искористете ја технологијата за ваше добро!

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 здрав живот

    Витаминска бомба од 17 состојки

  • Strawberry Chia Pudding здрав живот

    Кремаст чиа пудинг со јагоди

  • 3 (3) здрав живот

    Започна пријавувањето за „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics