И покрај олабавувањето на заштитните мерки од Ковид-19 после долгата пандемија, одредени младенци сепак ќе се одлучат за мала свадба, регистрирање во матично и интимен ручек со најблиските, на сметка на голема свадба со неколку стотина гости. И во таква услови, идната невеста ќе избере полежерна свадбена комбинација, а не раскошна венчаница – на пример, краток фустан со едноставен крој и по некој карнер, елегантна креација со изглед на издолжено сако, минималистички долг фустан, модел на преклоп или сечен под градите како опција за жените со нагласени облини, долг фустан со деколте и плисе во долниот дел…
Нема коментари