Сестрите-близначки Мери-Кејт и Ешли Олсен ја дизајнираа венчаницата од соништата на нивната пријателка, стилистката Моли Фишкин. Кога девојката, со која пораснале актерките и дизајнерки, им соопштила дека по две години врска ќе се мажи со својот партнер, продуцентот и режисер Ашер Левин, тие се понудиле да ѝ го дизајнираат невестинскиот фустан. Ова е прво вакво искутво за богатите сестри, кои стојат зад брендот Row. – Мери-Кејт и Ешли ми се многу блиски другарки, се дружиме интензиво изминативе 15 години. Во моментов кога им кажав дека се свршив, тие ми рекоа дека би сакале да ми го креираат венчалниот фустан. Бев пресреќна -нивниот вкус и сена за мода се беспрекорни и навистина им верував. Нивниот тим беше прекрасен и многу трпелив со мене. Тие бес постојано смирени и го направија процесот вистинско уживање. Никогаш нема да заборавам што направија за мене-изјави сречната невеста.
Нема коментари