Познатата дизајнерка на венчаници Вера Ванг ја презентира новата насока на својот бренд – Vera Wang Haute, полуксузна „висока“ венчална колекција која се базира на нејзиниот препознатлив стил на креирање. „Високата линија (Haute) го претставува највисокото ниво на драпирање, кроење и шиење, што ми дозволува да ги користам најнапредните алатки за да создадам изглед за познати жени од целиот свет“, коментира Вера Вонг при лансирањето на оваа линија.
Колекцијата содржи 10 деми-кутур венчални креации, а секој фустан ги отелотворува искуството, визијата и креативноста што Ванг ги негува во текот на нејзината повеќедецениска кариера како најпозната невестинска дизајнерка во светот. Таа ги облече некои од најпознатите личности за нивните венчавки, како што се Гвен Стефани, Викторија Бекам и Алиша Кис.
Секој фустан е дизајниран со различна силуета, волумен, големина и пропорција – од романтизмот на волуменозната лелеава тантела до смелите архитектонски форми и луксузниот мини фустан со црни балонски ракави. Колекцијата е смела и со чувство на висока мода.
Нема коментари