Модната куќа Версаче ја објави рекламната кампања за сезоната пролет-лето 2022, во која главни ѕвезди се сестрите манекенки Бела и Џиџи Хадид. Донатела Версаче, креативната директорка на брендот, исто така се појаува на некои од фотографиите, а како заштитно лице фигурира и пејачката ѕвезда Малума.
-Сакам оваа кампања да биде топла прегратка на глобалната Версаче фамилија на почетокот на 2022 година. Семејството ми е многу важно, па затоа сакав овие фотографии да се фокусираат на сестринството. Ја сакам оваа кампања толку многу што морав да им се придружам на моите Версаче кралици Џиџи и Бели Хадид на снимањето. Девојки, вие инспирирате и поттикнувате и јас ве сакам многу – напиша Донатела Версаче, споделувајќи на Инстаграм фотографии од снимањето на најновата кампања за Версаче.
Фотогарфиите ги потпишуваат Мерт и Маркус, а концептуално фотосесијата потсетува на старите кампањи на Версаче со Кристи Тарлингтон, Клаудија Шифер, Синди Крафорд и други супермодели.
Нема коментари