Донатела Версаче изјави дека повеќе нема да користи вистинско животинско крзно во колекциите на „Версаче“. „Крзно?! Завршив со крзното. Не сакам да убивам животни за да создавам мода. Тоа не е исправно“, изјави Донатела во интервју за магазинот 1843, дел од The Economist. Дизајнерката во последните години се насочи кон повеќе политички и општествено свесни проекти, во колекцијата за пролет 2018 на креациите напиша зборови како љубов, лојалност, храброст, единство, а стана и голем љубител на животни. „Версаче“ секогаш бил асоцијација на гламур и луксуз, а долго време симбол на луксуз биле токму крзнените креации кои ги има и во последната колекција на брендот. Но, времињата се менуваат, расте оствестеноста кај Донатела и кај другите креатори да го отфрлат крзното од нивните колекции. Пред „Версаче“, одлука да престанат да користан животинско крзно донесоа Мајк Корс, „Гучи“, Том Форд, „Живанши“ и „Фурла“.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари