Маичките со истакнато лого повторно станаа хит, иако до пред некоја година се сметааше за невкусно јасното покажување на брендот. Но, после моделите на кои е испишано „Гучи“, ред дојде и на маичките на кои пишува „Версаче“, односно искористено е логото од 80-тите. Маичките ги има во неколку пастелни, брзо го преплавија Инстаграм, а за популарноста допринесоа два моменти.
Оваа маичка ја дизајнира Донатела Версаче во колекцијата направена во чест на одбележувањето на 20-годишнината од смртта на нејзиниот непрежален брат, познатиот креатор Џани Версаче. Исто така, периодов беше актуелна серијата American Crime Story: The Assassination of Gianni Versace, која се занимава со убиството на Џани во јули 1997 година. Маичката со винтиџ-логото на „Версаче“ чини околу 300 евра, а покрај Донатела, сакаат да ја носат Кјара Ферањи и другите трендсетерки.
A post shared by Shea Marie (@peaceloveshea) on
One of my more casual looks this week, lol
A post shared by Danielle Bernstein (@weworewhat) on
A post shared by Aida Domenech (@dulceida) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари