Деновите во самоизолација можете да ги направите активни и вообичаениот тренинг да го префрлите во дневна соба. Додека фитнес центрите се затворени, на интернет ќе пронајдете повеќе видеа и апликации кои нудат идеи за вежбање дома, без разлика дали е тоа јога, фитнес или пилатес.
Платформата FitKit за поврзување на фитнес и спортските центри кај нас, се приклучи кон иницијативата #СедиСиДома со креирање на програмата #ВежбамОдДома и подготви серија на онлајн часови од различни инструктори, едниот закажан за денеска во 17 часот (Kick Fit со Драгана Андреевска од Fierce Fitness), а неколку одеа во живо деновиве и сè уште можат да се најдат на нивниот профил на Фејсбук – ОВДЕ.
Нема коментари