Посветете еден час за да го изгледате документарното видео Christian Dior: Designer of Dreams („Кристијан Диор: Дизајнер на соништа“), кое се осврнува на истоимената ретроспективна изложба, поставена пред три години во парискиот Музеј на декоративни уметости по повод 70 години од основањето на модната куќа. Изложбата минатото лето се пресели во музејот Викторија и Алберт во Лондон. За оние кои не биле во можност во живо да ја проследат изложбата, модната куќа деновиве како подарок го објави ова видео во кое кустосите Флоренс Мулер и Оливие Габе нè водат низ концептот на изложбата и креациите на сите дизајнери кои креирале за модната куќа – по смртта на Кристијан Диор под ова име креираат Ив Сен Лоран, Марк Боан, Џанфранко Фере, Џон Галијано, Раф Симонс и во последните сезони, Марија Грација Кјури.
Нема коментари