Во видео за Vogue поп легендата Кајли Миног се навраќа на некои од нејзините најпознати модни моменти, почнувајќи од доцните 80-ти кога се појави на сцената до ланскиот настап на музичкиот фестивал Гластонбери, коментирајќи различни стајлизни од видеоспотови, фотосесии, турнеи и филмски премиери. Таа зборува за култните златни шорцеви од спотот Spinning Around и за белиот комбинезон со качулка од Can’t Get You Out of My Head, како и за корсетираните модели што ги носела на мучички настани и во филмот „Мулен Руж“. Зборува за модни креации што ги носела со потпис на Азедин Алаја и Баленсијага, а на костимите за своите музички турнеи соработувала со имиња како Џон Галијано и тандемот Долче и Габана.
По подолга пауза Калју месецов го објави свокот нов албум Disco.
Нема коментари