Haute Couture e магичен свет кој поврзува беспрекорна изработка, визионерски дизајн и легендарни модни моменти. Тоа е оној моден сектор кој многумина од нас го гледаат само на црвениот килим, на модна писта или во музеј. Со цел да го доближи светот на високата мода на пошироката публика, позната модна публикација Visionaire заедно со Refinery 29 го посетија ателјето на „Диор“ во Париз и одблизу видоа и снимија како се изработува креација со предзнак Couture.
Видеото што го изработија Visionaire и Refinery 29 ја раскажува приказната за еден модел од раѓањето до писта, низ колку раце поминала креацијата од развивањето на идејата на креативниот директор на „Диор“, Раф Симонс до нејзиниот финален изглед. Овој единствен поглед во работилницата на висока мода се фокусира на еден модел означен како „Изглед #53“, волуменозно плисирано здолниште со пруги што манекенката Кинга Рајзак го носеше на неодамнешната ревија на брендот, а гледаме како искусни моделари и модни мајстори во период од 200 часа користат метри муслин и инвентивни техники на плисирање и кроење за да создадат креацијата.
Нема коментари