Модниот настан на Vogue спој на мода, театар, музика, балет, опера…
Првиот настан Vogue World се одржа лани во Њујорк во пресрет на модната недела во тој град, годинава шоуто се пресели во Лондон како старт на Лондонската модна недела. Вчеравечер во лондонскиот театар Royal Drury Lane, настанот Vogue World Show организиран под палката на Ана Винтур, успеа да привлече голем број познати личности од модата, културата и шоубизнисот. Шоуто на сцена беше инспирирано од лондонската тетарска култура. Започна со појавувањето на Кејт Мос, следеа музички настапи на FKA Twigs, Стормзи и Ени Ленокс, додека најпознатите светски манекенки дефилираа на сцена и меѓу публиката облечени во разни дизајнерски креации. Имаше театарски, оперски и балетски инсерти, а на сцена во скеч се појавија актерите Сиена Милер, Демјан Луис, Џејсм Мекавој, Џејмс Корден и Каш Џамбо. Крајот беше во знакот на четирите славни супермодели Наоми Кембел, Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон и Синди Крафорд. Подолу погледнете го видеото од целиот настан.
Нема коментари