• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
здрав живот 0

Над 1.000 граѓани викендов чекореа за поддршка на болните од рак на дојка

Од stylist @StylistMKD · На октомври 3, 2016

gogo_20161001_3661

Хуманитарната манифестација „Напред розово“ се организира по осми пат, а сите собрани средства ќе бидат наменети за реализација на планираните активности на Здружението „Борка“ за различна помош на болните од овој вид канцер

Повеќе од 1.000 граѓани од цела Македонија, меѓу кои и многу жени кои што во моментов се борат или веќе се избориле со рак на дојка, во саботата со традиционалната розова прошетка и трка во Градскиот парк во Скопје им изразија поддршка на сите заболени од овој вид канцер. Прошетката и трката се дел од манифестацијата „Напред розово 2016“, која традиционално се одржува по осми пат во организација на Здружението „Борка“ – За секој нов ден, со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија и компанијата „Пелистерка“.

Годинава, во рамките на манифестацијата, за првпат се организираше и хуманитарна трка во Градскиот парк во должина од 1 километар. Рекреативни тркачи, професионални атлетичари, мајки со бебиња во колички, мали девојчиња, повозрасни жени, но и членови на нивните семејства, беа дел од розовата трка која нема натпреварувачки карактер. По завршувањето на трката, сите учесници на манифестацијата облечени во розови маички заедно се упатија на симболична прошетка низ паркот преку која ја искажаа својата поддршка за оние што се борат со рак на дојка.

Пред официјалниот старт на трката учесничките се загреваа со зумба, а забавата продолжи и по завршувањето на трката со диџеи и лотарија за сите учесници на манифестацијата. Притоа, голем дел од нив дома заминаа со награди кои ги обезбедија компании-поддржувачи на настанот:  „Пелистерка“, винарија „Еземит“, „АВОН“, „ДМ маркети“, болницата „Филип Втори“, „Медикус хелп“, „Фармаген“, како и донација на книги од писателите Драган Танески и Ана Бунтеска.

Претседателката на „Борка“ и на Алијансата на пациентски организации во Македонија, Биба Додева, пред стартот на прошетката истакна дека ракот е потенцијално излечива болест која што може да се победи исклучиво преку вложување во професионално и етичко работење.

- Тоа подразбира навремена дијагноза, ефективно лекување и достапност до современ третман и терапии. И покрај сите заложби на граѓанскиот сектор, здравствените институции и Владата, состојбата во нашата земја е алармантна и ни укажува дека малигните заболувања мора да станат приоритет на здравствените власти преку интензивноградење на одржлива Национална стратегија за контрола на ракот со цел да се подобрат поразителните факти – рече Додева.

 

gogo_20161001_3782-1

Првата дама Маја Иванова, претседателката на “Борка“ Биба Додева и маркетинг-директорката на компанијата „Пелистерка“, Тања Панделеска беа дел од хуманитарниот настан

 

Сите собрани средства од регистрацијата за трката и прошетката ќе бидат наменети за реализација на планираните активности на Здружението „Борка“ во делот на психосоцијална помош и поддршка на заболените од рак на дојка, обезбедување перики за жените кои не можат да си дозволат да ги купат, посета на болните на Клиниката за онкологија, обезбедување секојдневна комуникација со психолог и едукација на населението од цела Македонија.

Маркетинг-директорката на компанијата „Пелистерка“, Тања Панделеска, истакна дека манифестацијата се организира со цел учесниците да им дадат поддршка на сите блиски луѓе кои се борат со рак на дојка.

- Денеска се собравме за вистински да им покажеме дека сме тука за нив. И како индивидуи и во името на општествено одговорните компании. Истовремено, тука сме да ја рашириме свеста дека ракот на дојка не се случува само на другите, за нас непознати лица и имиња, туку сите ние и нашите најдраги, сме негова потенцијална мета. И затоа мора да се заштитиме. Ракот на дојка може да се третира и да се победи, благодарение на раното дијагностицирање – рече Панделеска.

 

gogo_20161001_3613

Пред официјалниот старт на трката учесничките се загреваа со зумба, а забавата продолжи и по завршувањето на трката со диџеи и лотарија за сите учесници на манифестацијата

Заменик-шефот на мисијата на Амбасадата на САД во Македонија, Михаела Швајцер – Блум истакна дека Амбасадата на САД е горда што може да ја поддржи манифестацијата „Напред розово“.

- Среќна сум што денеска гледам дека дојдоа толку многу луѓе за оваа важна цел. Ракот на дојка е една од водечките причини за смртност меѓу жените во САД и во Македонија. Настани како денешната прошетка се одлична можност за споделување информации, како што се важноста на самопрегледите и на раното откривање, што може да им помогне на луѓето да живеат подолг и поздрав живот – рече Швајцер – Блум.

Ракот на дојка е најчестиот тип дијагностициран рак кај жените во светот, а по смртноста овој вид карцином е на прво место во светот и во Македонија. Минатата година во земјава се откриени околу 1.200 нови случаи на рак на дојка или просечно по 3-4 жени дневно. Македонија е една од ретките земји во Европа каде што смртноста од канцер се зголемила за околу 9 отсто во последните 15 години. Според бројот на смртни случаи од рак, Македонија е на трето место во Европа.

 

gogo_20161001_3620

„Напред розово 2016“, која традиционално се одржува по осми пат во организација на Здружението „Борка“ – За секој нов ден, со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија и компанијата „Пелистерка“

Амбасадата на САД во МакедонијаБиба Додеваборба против рак на дојкаБоркаНапред розовоПелистеркаТања Панделеска
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • cokoladen puding здрав живот

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

  • Winter-Fruit здрав живот

    Сезонско овошје кое треба да е дел од зимската исхрана

  • Naslovna здрав живот

    Новогодишно интервју со Д-р Емил Угриновски (Неуромедика): Ковид кризата ќе ја победиме и ќе излеземе посилни

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 3

    Црната боја е кралица на зимската мода – како да ја носите и да не изгледате монотоно

    јануари 22, 2021
  • WebinarD4C_Macedonia (1)

    Вебинар за циркуларна економија во текстилната и модната индустрија во Европа

    јануари 22, 2021
  • 1

    Шик комбинации во чоколадни нијанси

    јануари 21, 2021
  • mirjana josifoska

    Промоција на колекцијата „Спомен на еден град“ на Мирјана Јосифоска

    јануари 21, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics