„Модата ми ја украде насмевката“ пишува на маичката што Викторија Бекам ја носи деновиве, шегувајќи се на своја сметка и на констатацијата дека во јавност воопшто не се смее. Со оваа автоиронична порака дизајнерката ја открива својата позабавна страна и самата признава дека си поиграла со својата „јавна персона“. Маичката Fashion Stole My Smile е дел од нејзината колекција Victoria Victoria Beckham и веќе се продава по цена од 95 фунти. „Да, јас ја дизајнирав маицата, тоа само јас се потсмевам на своја сметка“, изјави Викторија пред неколку дена во шоуто на Џејмс Корден во врска со духовитата порака, ама овојпат беше доста насмеана.
Нема коментари