• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
новини 0

Викторија Лоба новото заштитно лице на Орифлеим: „Сите жени се убави на свој начин“

Од stylist @StylistMKD · На март 29, 2018

oriflame viktorija loba (5)

Денес во ресторанот „Four“ Орифлеим Македонија оддржа несекојдневен и инспиративен настан полн со изненадувања овозможувајќи им на присутните мигови вредни за паметење.

Оваа шведска козметичка компанија која глобално постои веќе 50 години, а на македонскиот пазар 22, за првпат ќе се обиде да ги доближи своите природни производи како и целата филозофија за убавината преку нивното ново заштитно лице Викторија Лоба. Со откривање на нивното ново бренд мото „Убава на свој начин“ Орифлеим на своите корисници сака да им порача дека ги почитува сите жени заедно, со сета нивна различност, единственост и посебност, а тие се тука за да им помогнат да ја истакнат својата верзија на убавина на свој начин и да ја поддржат во сите нејзини облици.

oriflame viktorija loba (4)

На настанот покрај Лоба присуствуваше и се обрати Директорот на Орифлеим за Македонија г. Влатко Смилески, кој изјави: „Чест ми е да бидам дел од ова семејство, кое по 50 години постоење, прерасна во козметички гигант, посилен од било кога, со докажан интернационален успех. Ние веруваме во убавината! Вашата убавина е лична како и вашите соништа. Преку уникатните производи на Орифлеим осмислени во Шведска им даваме можност на милиони луѓе ширум светот да го променат својот живот на подобро. Кога изгледате добро се чувствувате добро. А кога се чувствувате добро, подготвени сте да ги следите своите соништа. Низ ова наше ново поглавје, кое го започнуваме и промовираме денес, среќен сум што до нас ја имаме Викторија Лоба со која „на  прва“ се препознавме и сфативме дека делиме многу заеднички нешта. Таа е единствена, а сепак различна, остварена, и која остава свој печат позади себе. Заедно со неа во периодот кој следува ќе ја оствариме мисијата во која ќе ги охрабриме жените и ќе ја славиме нивната посебност, независност, смелост…се она што ги прави единствени и убави“.

oriflame viktorija loba (1)

Присутните на промоцијата имаа можност да ја погледнат и изложбата на фотографии со Викторија Лоба подготвени специјално за новиот каталог на Орифлеим и нивната нова кампања.

По повод новата соработка Викторија изјави: „Кога го имате вистинскиот партнер покрај себе и во него комплетно верувате, сè е лесно и работата беспрекорно тече. Ми претставува особена чест да бидам дел од оваа приказна за која веќе можам да кажам дека е заедничка. Кога ја добив понудата за соработка воопшто не размислував, интуитивно почувствував дека веднаш ќе се вклопам во овој предизвик, така и се случи! Пораката која кампањата ја испраќа ми се допаѓа и лесно се идентификувам со неа. Убавината на секој човек ја гледам во специфичноста и оригиналноста која секој од нас ја носи во себе“.

oriflame viktorija loba (3)

Со 50 годишно искуство и повеќе од 100 стручни соработници и најмодерени апарати за истражување и развој, шведската компанија Орифлеим постојано открива нови решенија и формулации за да создаде прогресивни, иновативни производи кои ги следат потребите на современиот потрошувач.

Животот на Орифлеим производите започнува во нивниот „Институт за истражување на кожата“ каде се користат софистицирани научни методи за креирање на единствени и патентирани формулации кои им даваат предност пред конкуренцијата. Овие нови формулации потоа се проследуваат до експертите во нивниот „Центар за развој на производи“ во Даблин, Ирска, кои имаат задача да креираат козметички формулации кои ќе се вклопат во веќе постоечките Орифлеим колекции или кои ќе покренат комплетно нова колекција. Потоа формулацијата се испраќа во производство со што станува достапна на нивните Консултанти. Во моментов компанијата ја сочинува глобалната заедница од над 3.5 милиони Консултанти во повеќе од 60 земји на ширум светот. Нивниот константен успех се базира на врвниот квалитет на производи наменети за нега на кожа со врвни перформанси, преку Велнес производите за убавина одвнатре, па се до врвната декоративна козметика.

oriflame viktorija loba (2)

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 новини

    Во опуштена атмосфера во знакот на Juliette has a Gun, Magnolia Bliss пристигна во нашиот град

  • MNE Spring21_Viking_Hero_Square_001 новини

    CREED Viking Cologne – Mирис кој со себе ја носи свежата, морска атмосфера

  • dm ProClimate (2) новини

    Pro Climate – dm разви производи кои се неутрални за животната средина!

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics