Во најновиот број на модното списание Elle Србија во моден едиторијал се појавува нашиот модел Викторија Ристовска која веќе неколку години е успешна на домашната сцена. Препознатлива по специфичната портокалова коса и авангардниот изглед, таа беше побарана од уредникот на списанието токму за овој урбан едиторијал.
-Пред две недели Викторија беше во Белград, Србија, каде што покрај ангажманот за ова престижно списание настапи и на модната недела. Ристовска иако подолго време работи како модел, последнава година се чини дека е нејзина, бидејќи беше ангажирана за многу македонски дизајнери во нивните нови колекции (Мите Занов, Димитар Бабков, Јована Филиповиќ, Христијан Младеновски). Нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент во соработка со Фокс Моделс од Белград во моментов работат на нејзината интернационална кариера за подобар пласман на светската модна сцена – изјавија од модната агенција Моделс ИН Менаџмент.
Нема коментари