Со ѕвонарки, костими и слип-фустани, колекцијата на Викторија Бекам за пролет-лето 2021 е во стилот на модата од 70-тите години од минатиот век. Поради Ковид-18 Бекам наместо модна ревија одлучи колекцијата да ја претстави преку интимна презентација на која присуствуваа само сопругот и децата и преку фотографии.
Колекцијата содржи комбинации од ѕвонести панталони и фармерки со блејзери и смокинг-сакоа во кроеви карактеристични за 70-тите, флуидни фустани со тенки прерамки и детали со тантела, модели со изрези и набори, а впечатливи се и деталите во вид на ѓердани со широк обрач како привезок.
Нема коментари